Театар

„Собирачи на пердуви“ на Пројковски триумфираше на фестивал во Србија

01.07.2024 14:35

Претставата „Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско Народно Позориште од Нови Сад, ја освои првата награда на реномираниот Фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево...

Претставата „Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско Народно Позориште од Нови Сад, ја освои првата награда на реномираниот Фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево. На овој традиционален фестивал кој се одржува веќе 11 години, публиката ги оценува претставите.

„Во конкуренција имаше пет претстави, а највисоката оценка (4,81) на годинешниот фестивал, на кој публиката имаше можност да ги искаже своите впечатоци од претставите што ги гледаше, со рејтинг и гласање, ја доби претставата „Собирачи на пердуви“ во продукција на Српскиот народен театар од Нови Сад, во режија на Дејан Пројковски“, се вели во официјалното соопштение на Фестивалот.

Премиерата на претставата „Собирачи на пердуви“ се одржа во ноември минатата година во Нови Сад и важи за една од најголемите продукции во регионот, за која се бара карта повеќе.

На фестивалот во конкуренција беше и „Ричард III“ во режија на Пројковски, поставка на Новосадскиот театар, и истата се најде на второ место според освоените гласови од публиката.