Харден потпиша двегодишно продолжување на договорот со Клиперси
01.07.2024 14:39
Триесет и четиригодишниот Американец потпиша нов договор со тимот од Лос Анџелес до крајот на сезоната 2025/26, според кој ќе заработи 70 милиони долари.
НБА-ѕвездата Џејмс Харден се согласи на продолжување на соработката со Лос Анџелс Клиперс.
Триесет и четиригодишниот Американец потпиша нов договор со тимот од Лос Анџелес до крајот на сезоната 2025/26, според кој ќе заработи 70 милиони долари.
Исто така, кошаркарот ќе има право да блокира каква било размена со негово учество до крајот на сезоната 2024/25.
Харден е во Клиперс од октомври 2023 година.
