Стратешко партнерство

Димитриеска Кочоска- Агелер: Соработката ќе се зајакнува, ни претстои многу работа во спроведување на реформите

01.07.2024 14:50

На средбата, како што соопштуваат од Министерството за финансии, беше истакнато значењето на поддршка што Министерството за финансии и севкупно ја добива земјава од САД и дека таа подддршка и соработка ќе се зајакнува.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Министерството за финансии оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Ангела Агелер.

На средбата, како што соопштуваат од Министерството за финансии, беше истакнато значењето на поддршка што Министерството за финансии и севкупно ја добива земјава од САД и дека таа подддршка и соработка ќе се зајакнува.

„САД се стратешки партнер на земјава и тоа стратешко партнерство кое во континуитет се одржува од независноста ќе продолжи и во иднина. Тоа е значајно и клучно за унапредување на демократските процеси во земјава, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување поголема стабилност и развој на земјата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека претстои многу работа и дека со силна посветеност ќе се пристапи кон спроведување на реформите коишто се клучни за иднината на земјата, а во остварувањето на тие реформи значајна е поддршката од стратешките партнери на земјата како САД.

На средбата соговорниците се осврнаа и на поддршката што Министерството за финансии ја добива од Трезорот на САД во градење на капацитетите на институцијата во обезбедување стабилност во јавните финансии и фискална одржливост, пишува во соопштението.