По сослушувањето Саркози и формално под истрага
02.07.2014 13:47
Саркози се сомничи за „тргување со влијание“...

Против поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе се спроведе истрага, јавува Ројтерс.
Ова е решено по вчерашното притворање на Саркози заради сослушување. Се сомничи за „тргување со влијание“ во финансискиот скандал за незаконско финансирање на предизборната кампања од страна на Гадафи и од богата французинка сопственичка на „Лореал“ -Бетанкур. Истражните судии проверуваат дали Саркози го искористил своето влијание за да разбере што знае полицијата за финансирањето од Гадафи. Од друга страна пак, застапникот на неговата политичка партија тврди дека ова е политичка местенка.
Соња Стојановска
