Хроника

Убиство во Батинци, се трага по напаѓачите

01.07.2024 15:00

Во скопско Батинци, утрово е пукано кон двајца на возраст од 34 и 31 година. Еден загинал, другиот е повреден, се бори за живот на скопските клиники...

Утринава околу 9 часот и 30 минути во село Батинци се случи убиство. Едно лице загина, друго лице се бори за живот на скопските клиники.

Изрешетаниот автомобил и чаурите од огнено оружје сведочат за пукањето во скопско Батинци, кое ги потресе жителите на селото. Непознати лица од автомобил во движење од марката „Мерцедес“ пукале кон патничкото возило „Форд“ во кое биле двајца браќа на возраст од 31 и 34 години од Црн врв.

Локалните жители вознемирени, не сакаа многу да говорат пред камерите.

Во потрага по напаѓачите кои побегнале се вклучи и хеликоптерската единица на МВР.

Полицијата и јавен обвинител беа на местото за да извршат увид и да соберат докази кои треба да фрлат светло на убиството во Батинци.

 

Ана Јосифоска-Тодоровска