МВР

Приведен крадец во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот

01.07.2024 16:10

Денеска полициски службеници од ЕВР-ОКР Кисела Вода при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело...

Денеска полициски службеници од ЕВР-ОКР Кисела Вода при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило“.

Имено, во периодот од 19:00 часот на 27.05 до 14:00 часот на 28.05.2024 во Скопје, Д.Т. одзел патничко моторно возило „опел вектра“, сопственост на Љ.Л. од Скопје. По преземени мерки од страна на полициските службеници, Д.Т. е лишен од слобода, а возилото пронајдено и вратено на сопственикот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.