Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

01.07.2024 16:56

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи кои се засноваат на пријателство и заемно почитување, при што заемната соработка се карактеризира со конструктивен и отворен политички дијалог...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи кои се засноваат на пријателство и заемно почитување, при што заемната соработка се карактеризира со конструктивен и отворен политички дијалог.

Во насока на продлабочување на соработката во различни сфери од заеднички интерес, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека остануваме посветени на поттикнување на динамична билатерална соработка преку политичкиот дијалог, секторските партнерства, нашата соработка во рамките на НАТО и заедничките напори во регионалните иницијативи.

Во контекст на европските перспективи, претседателката Сиљановска Давкова изрази искрена благодарност за континуираната поддршка на Романија на нашиот пат кон ЕУ и за реафирмираната подготвеност за обезбедување на конкретна помош во иднина.