Македонија
Албански планинари го тргнале македонското знаме на Кораб
01.07.2024 16:30
Албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, го тргнал македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско...

Албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, го тргнал македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско. Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, тука само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија.
Во својот пост на Фејсбук, Шулку изрази дека „Кораб припаѓа на Албанија и дека таму нема место за македонското знаме“.
