МВР

МВР презема мерки за случајот со симнатото македонско знаме од Кораб

01.07.2024 18:06

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ...

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ.

Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, стои во соопштението од МВР.