Јаневска: Ниту една промена во образованието нема да се случи без консултации со наставниците
Имаме големи планови врзани за подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, а во рамки на сето тоа, еден од фокусите ќе биде и Ова во видеообраќање пред наставници, го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска...

Сакам да знаете дека вие ќе ми бидете најголема потпора и поддршка во следниот период. Имаме големи планови врзани за подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, а во рамки на сето тоа, еден од фокусите ќе биде и Ова во видеообраќање пред наставници, го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на Синдикалните спортски игри на СОНК што денеска и утре се одржуваат во Струга.
Министерката информираше дека ќе бидат елиминирани оние аспекти на Концепцијата за основно образование кои иницираат незадоволство кај наставниците, ме. Информираше дека ќе се организираат и повеќе обуки кои се од интерес на наставниците, ќе се работи на обезбедување учебници за сите ученици, а меѓу приоритетите ќе бидат и дигитализацијата и инклузијата на образовниот систем, бидејќи компарациите со земјите од регионот, покажуваат дека доцниме, стои во соопштението од МОН.
