Финскиот парламент ја ратификуваше спогодбата за одбрана со САД
По потпишувањето од страна на финската влада во Вашингтон во декември минатата година, Спогодбата за соработка во областа на одбраната (DCA) беше едногласно ратификувана од финскиот парламент...

Финскиот парламент ја ратификуваше спогодбата за одбрана со САД, која ќе овозможи зголемено воено присуство на американски војници и складирање на американска воена опрема во Финска.
По потпишувањето од страна на финската влада во Вашингтон во декември минатата година, Спогодбата за соработка во областа на одбраната (DCA) беше едногласно ратификувана од финскиот парламент.
Документот им дава на САД пристап до 15 воени бази во Финска и дозволува присуство и обука на американски војници, како и складирање на воена опрема на финска територија. Спогодбата за одбрана меѓу Финска и САД го зајакнува соработката меѓу двете држави во кризни ситуации.
Таа вклучува обврска за почитување на суверенитетот на Финска, нејзините национални закони и меѓународното право, нагласија владата и Комисијата за надворешни работи на финскиот парламент.
