Македонија

Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во крушевско

01.07.2024 21:37

Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река...

Денеска, два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река.

По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат.