Од денеска во Шутка секоја среда гинеколог
02.07.2014 13:54
Здравствените услуги во текот на летните месеци ќе бидат обезбедени еднаш неделно, односно секоја среда во период од 9 до 14 часот, додека од септември ќе се обезбедуваат два пати неделно во истото работно време...

Денеска почна со работа ординација за здравствена заштита на жените на примарно ниво во Здравствена станица Шуто Оризари-Скопје.
Здравствените услуги во текот на летните месеци ќе бидат обезбедени еднаш неделно, односно секоја среда во период од 9 до 14 часот, додека од септември ќе се обезбедуваат два пати неделно во истото работно време. Тимот се состои од специјалист гинеколог и медицинска сестра од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ (Чаир). Ова произлегува до потпишаниот договор за соработка меѓу болницата и Здравствен дом-Скопје.
Со отпочнување на оваа активност Министерството за здравство овозможува континуирано унапредување на достапноста на здравствените услуги според потребите на граѓаните-соопштуваат од Министерството.
Соња Стојановска
