Влада

Денес на владина седница Законот за укинување на економските директори

02.07.2024 08:26

И премиерот Мицкоски со став дека мора да има едно лице кое ќе биде одговорно пред граѓаните, а не како досега кога обврските се префрлале и не се знаело точно кај кого се одговорностите...

На владина седница денеска на дневен ред треба да се најде Законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Таравари.

И премиерот Мицкоски соопшти дека се укинуваат овие функции, со став дека мора да има едно лице кое ќе биде одговорно пред граѓаните, а не како досега кога обврските се префрлале и не се знаело точно кај кого се одговорностите.