Руско-украински конфликт

Во Украина жестоки борби на истокот, Зеленски бара оружје

02.07.2024 08:40

На земјата очајно и е потребна дополнителна воена поддршка, вели претседателот Зеленски...

Засилени руски напади врз неколку украински региони. Најжестоките битки се водат на истокот. На земјата очајно и е потребна дополнителна воена поддршка, вели претседателот Зеленски.

„Оружјето со долг дострел, борбените авиони за Украина – со доволен квалитет и квантитет, и повеќе системи за противвоздушна одбрана – се клучни фактори кои влијаат на целиот тек на оваа војна. И тие мора да влијаат исклучиво во наша корист во заедничките интереси на сите народи кои го ценат животот и сакаат мирен свет“, изјави Володимир Зеленски, украински претседател.

Украина сè уште се бори да стабилизира делови од линијата на фронтот, откако потребната воена помош беше одобрена од САД во април.