регион

Во Грција евакуација поради шумските пожари

02.07.2024 08:42

10 илјади жители и туристи се сместени на безбедно. Пожарникарите интервенираа и утрово на источните егејски острови Хиос и Кос, откако ги совладаа двата големи шумски пожари во близина на Атина...

Наредбите за евакуација и натаму се во сила поради шумските пожари што продолжуваат да беснеат низ Грција. 10 илјади жители и туристи се сместени на безбедно. Пожарникарите интервенираа и утрово на источните егејски острови Хиос и Кос, откако ги совладаа двата големи шумски пожари во близина на Атина.

Премиерот Мицотакис за време на состанокот на владата рече дека овогодишното лето во Грција ќе биде опасно за шумски пожари. Сушата и силниот ветер придонесоа за отежнатите временски услови.