САД

Ураганот „Берил“ удри на Карибите

02.07.2024 08:46

Ветерот од 240 км на час, однесе покриви, корнеше дрвја и предизвика штети на југоисточниот дел на Карибите...

Опасниот и исклучително моќен ураган „Берил“ стигна до копното на карипскиот остров Кариаку. Ветерот од 240 км на час, однесе покриви, корнеше дрвја и предизвика штети на југоисточниот дел на Карибите. Предупредување за урагани беше издадено за Барбадос, Гренада, Тобаго и Сент Винсент и Гренадини.

Илјадници луѓе побараа засолништа.