Директорката на ФЗОМ доби благодарница од „Хемолог“
02.07.2014 14:05
За посветеноста во подобрување на квалитетот на здравствените услуги за лицата со хемофилија, претставниците на Хемолог и врачија благодарница на диркеторката на ФЗОМ...

Она што пред 20 години за нас беше сон, денеска е веќе реалност, достапност на потребните лекови, отворена врата на институцијата но и слух за нашите проблеми кои резултираат со подбра здравствена грижа за лицата со хемофилија. Ова на денешната средба со директорката, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова и нејзиниот тим го истакна Драги Лаушевиќ, престседател на Управниот одбор на Здружението „Хемолог“.
На средбата одржана во ФЗОМ присуствуваше и Цветанка Нацескa, почесен претседател на здружението.
За посветеноста во подобрување на квалитетот на здравствените услуги за лицата со хемофилија, претставниците на Хемолог и врачија благодарница на диркеторката на ФЗОМ, Маја Парнарџиeва- Змeјкова нагласувајќи дека создала атмосфера на доверба, почит и искрена желба да се решат проблемите и да се одговори на потребите на лицата со хемофилија.
Парнарџиева- Змејкова им се заблагодари на претставниците на здружението за искажаната доверба и истакна дека правата на осигурениците се приоритет во агендата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Фондот и натаму ќе продолжи со практиката да остварува редовни директни средби со здруженијата на граѓани бидејќи цени дека тоа е вистинскиот пат да се изнајдат најдобрите начини за унапредување на квалитетот на здравствени услуги согласно современите медицински трендови.
Соња Стојановска
