ЈП Водовод и канализација – Скопје
Без вода делови од Ѓорче Петров и Драчево
02.07.2024 09:37
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради дефект без вода се делови од Ѓорче Петров и Драчево...

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради уличен дефект од Ф-400 мм на ул. 1670 во Ново Село, прекинато водоснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од ул. Лука Геров, Ново Село, Стопански двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани Општина Ѓорче Петров.
Поради дефект, којшто се санира, денеска од 08:30 часот без вода се корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ во Драчево и дел од село Драчево денеска, соопштија од ЈП Водовод и канализација.
