Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

02.07.2024 09:39

Од партијата додаваат дека и членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби.

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека и членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби.

Самите членови и функционери на СДС кажуваат дека фантоми биле на избирачкиот список, дека на членови не им било дозволувано да гласат, за на крајот Филипче да биде избран со 9.000 гласови од 80.000 членови.

Филипче и Заев треба да знаат дека ниту една лидерска позиција нема да ги спаси од одговорност за злоупотребите кои се случија во нивниот мандат, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.