Партии

Филипче: Ќе се формира работно тело кое ќе раководи со партијата до следниот Конгрес

02.07.2024 09:43

Претседателот на СДСМ најави дека во октомври ќе се конституира новиот Конгрес на СДСМ којшто ќе ги избере новите раководни структури...

Имам конкретен план, прво што ќе биде направено е едно работно тело кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата до следниот Конгрес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју на национална телевизија.

Мандатот на делегатите на Конгресот полека истекува на почеток на есента. Прво што ќе биде направено е едно работно тело во централата, во партијата во Скопје, кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата. Првата задача ќе биде да се постават нови в.д. претседатели на Општинските организации насекаде во државата. Тие општински претседатели ќе треба да формираат свои Извршни одбори исто така како вршители на должноста. Овие општински раководства во првата фаза ќе треба да направат општински конференции во коишто ќе се изберат нови делегати за нов состав на Конгресот, со оглед на тоа што мандатот на сегашните истекува, и нови предлози за членови во Централниот одбор, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ најави дека во октомври ќе се конституира новиот Конгрес на СДСМ којшто ќе ги избере новите раководни структури на партијата и ќе се спроведат статутарни измени.