Култура

„Простор и тишина“, изложба на Билјана Билбилоска

02.07.2024 09:50

Изложба на уметнички слики од Билјана Билбилоска денеска ќе биде отворена во Домот на култура „Кочо Рацин“, во Скопје, со наслов „Простор и тишина“. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника...

Изложба на уметнички слики од Билјана Билбилоска денеска ќе биде отворена во Домот на култура „Кочо Рацин“, во Скопје, со наслов „Простор и тишина“. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника.

Билјана Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на отсекот графика со графички дизајн. Досега имала десет самостојни изложби во земјава во Скопје, Тетово и Охрид, како и во странство и тоа во Париз (Франција), Сплит (Хрватска), Белград (Србија).

Учествувала и на над 50 групни изложби во земјава, Србија, Турција, Романија, Австрија, Португалија, Франција и САД, како и неколку меѓународни ликовни колонии.

Билбилоска остварила студиски престој во Париз во Cité Internationale des Arts (Франција),

Активно се занимава со графички дизајн и илустрација.

„Нејзиниот творечки калеидоскоп варира и се премрежува низ различните секојдневија кои ги живее преку разнообразните уметнички практики. Сака да експериментира зад појавното, зад тривијалното, низ познати и непознати уметнички перспективи, во услови на неприкосновена слобода. Ги истражува хроматските аспекти на визуелната практика, нивната физика на дејствување, нивната интеракција, како и врската помеѓу музиката и боите, на синестетички начин“, стои во најавата кон изложбата.