Собранието ги верификуваше мандатите на девет нови пратеници
Девет нови пратеници на местата на министрите и на премиерот и на оние кои поднесоа оставки од пратеничките функции...

Собранието на Република Македонија денеска ги верификуваше мандатите на девет нови пратеници кои дојдоа на местата на министрите и на премиерот и на оние кои поднесоа оставки од пратеничките функции.
Собранието ги верификуваше мандатите на Андон Чибишев, Светлана Јакимовска, Марија Ангелова, Ѓорѓи Коџобашиев, Благородна Бојаџиева, Алил Ибраими, Драган Данев и Јасмина Дамчевска, кои ќе ги пополнат испразнетите пратеничкиместа.
Пратениците ја констатираа и оставката на функцијата пратеник која вчера ја поднела Шкодране Дарлишта од листата на ДУИ.
На денешната седница, пратениците ја изгласаа и потребата за донесување по скратена постапка на предлог измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Предлогот го образложи министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој рече дека со измените се ослободуваат од плаќање радиодифузна такса корисници на социјална и постојана парична помош. Исто така, Ивановски додаде дека со инструментална музика се проширува опсегот на домашна музика за националните телевизии.
