Холандија

Холандија доби нова Влада на чело со Дик Шуф

02.07.2024 11:45

Седум месеци по изборите, Холандија доби нова Влада на чело со Дик Шуф кој го наследи Марк Руте, новиот Генерален секретар на НАТО...

Седум месеци по изборите, Холандија доби нова Влада на чело со Дик Шуф кој го наследи Марк Руте, новиот Генерален секретар на НАТО.

Шуф е назависен кандидат, поранешен шеф на Холандската разузнавачка агенција и висок функционер во Министерството за правда.

Прва задача на новиот состав е спроведување на договорите постигнати со четирите коалициските партнери, што вклучува ограничување на миграцијата и исклучоци од европските правила за азил и животна средина.