Законот за укинување на економски директори на клиниките денеска на владина седница
Оваа промена, како што информираат од владината прес-служба, има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги.

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи.
Оваа промена, како што информираат од владината прес-служба, има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги.
Според новите законски одредби, ќе се укине постоењето на две управувачки позиции-организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.
Од сега натаму, со овие установи ќе раководи само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето, велат од Владата.
Додаваат дека со оваа реформа, Владата се надева дека ќе ги подобри условите и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, овозможувајќи поголема транспарентност и отчетност во работата на здравствените установи.
