Стомачни вируси и респираторни инфекции ги полнат болниците
Стомачните вируси и респираторните инфекции ги полнат болниците. Метеж во чекалниците на матичните лекари. Има и хоспитализирани кои завршиле со бронхопневмонии...

Пациенти со повраќање и дијареја, температура и кашлица ги полнат амбулантите на матичните лекари изминативе две недели. Има и хоспитализирани. 99 проценти од оние што бараат помош се возрасни, вели докторката Данила Ѓорѓиевска.
На вртоглавици и изнемоштеност се жалат младите. Имаат проблем да ги извршуваат секојдневните обврски.
Докторката Ѓорѓиесвка вели ова не била симптоматологија којашто порано ја третирале на почеток на летото.
Како и загадувањето на воздухот, додава докторката Ѓорѓиевска. Објаснува дека во најголем број случаи тестовите на децата за симптоматологијата со кашлање која се лекува како алергија се негативни. Правта и ПМ-честичките се тие што ги дразнат.
Наташа Јанчиќ-Менковски
