мвр

Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци

02.07.2024 13:15

За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“...

Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола. За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.

Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната, информираат од МВР.