Прилеп
Изгаснат пожарот во старата чаршија во Прилеп
02.07.2024 13:42
Брзата интервенција на пожарникарите не дозволи проширување на пламените јазици низ чаршијата...

Во Прилеп заседаваше кризниот штаб на општината, главна тема беше пожарот што избувна во старата градска чаршија. Брзата интервенција на пожарникарите не дозволи проширување на пламените јазици низ чаршијата. Штабот расправаше и за пожарите во прилепскиот регион. Во Дневникот Елизабета Митреска разговара со Кристијан Момироски – командир на Територијалната противпожарна единица од Прилеп.
