Деспотовски: 11.000 членови не гласаа
Два дена по спроведувањето на внатрепартиските избори во СДСМ, Јован Деспотовски, поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ. Ќе се посвети на политичкиот ангажман во партијата. Од движењето „Знам“ за изборот на Филипче велат се избра старо-нов претседател на СДСМ.

Изборниот процес за претседател на СДСМ не може да заврши без одговори зошто на 11.000 членови не им беше дадено да гласаат, вели кандидатот Јован Деспотовски. Не поднел приговори оти комисијата го заклучила изборот.
За државата потребен е силен СДСМ нагласува Деспотовски кој откако поднесе оставка на директорската функција во ТИРЗ рече дека се посветува на политиката во партијата.
Во движењето „Знам“ за изборот на Филипче за прв човек на СДСМ велат се избра старо нов претседател, односно продолжена рака на кланот Заеви. Иако „Знам“ ги отвори вратите за како што велат сите од СДСМ да им пристапат, Венко Филипче најави обединување на партијата, а за неговиот избор рече дека е легален и легитимен.
Миле Ристески
