Скопје

Силен ветер, паднати дрвја, повредена жена во Скопје

02.07.2024 17:05

Од силниот ветер дрво падна во центарот на Скопје и повреди жена. Оштетен е и паркиран автомобил...

Од силниот ветер дрво падна во центарот на Скопје и повреди жена. Оштетен е и паркиран автомобил. Според ЦУК, паднати дрвја, оштетени кровови и автомобили, откачени кабли има на повеќе локации во главниот град. Синоптичарите за попладнево најавуваат и локален пороен дожд проследен со грмотевици. 
 
Ана Јосифовска-Тодоровска известува од главниот град.