Временска прогноза
Променливо облачно и посвежо, претпладне дожд и грмежи
03.07.2024 08:14
Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
