УКРАИНА
САД обезбеди 2,3 милиони долари помош за Украина
03.07.2024 08:48
Пакетот вклучува противтенковско оружје, пресретнувачи и муниција за Патриот и други системи за противвоздушна одбрана...

Пентагон најави дополнителни 2,3 милијарди долари безбедносна помош за Украина. Пакетот вклучува противтенковско оружје, пресретнувачи и муниција за Патриот и други системи за противвоздушна одбрана.
„Она што го гледаме на теренот е дека и натаму има тешка борба. Русија продолжува да се обидува да заземе земјата. Но, Украинците направија добра работа, држат линија“, изјави Генерал-мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон.
Најавата доаѓа само неколку дена пред САД да бидат домаќини на самитот на НАТО во Вашингтон. Според Пентагон, влезот на Киев во Алијансата не е одлука на САД туку на 32 членки.
