САД

Одложена пресудата за Трамп во Њујорк

03.07.2024 08:52

Судот во Њујорк ја одложи пресудата откако Врховниот суд реши дека поранешните претседатели имаат имунитет за дела сторени дур биле на функција...

Изрекувањето на пресудата за поранешниот претседател Доналд Трамп за случајот со прекривање пари и фалсификување деловни досиеја е одложена најмалку до септември. Судот во Њујорк ја одложи пресудата откако Врховниот суд реши дека поранешните претседатели имаат имунитет за дела сторени дур биле на функција. Трамп требаше да се соочи со казна на 11-ти јули.

Претходно, адвокатот и поранешен градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани ја загуби адвокатската лиценца, откако Апелациониот суд утврди дека лажел кога тврдел дека се наместени претседателските избори во 2020 година, на кои неговиот клиент, републиканецот и поранешен американски претседател Доналд Трамп, изгуби.