Детска клиника: Донација од општината Гази Баба

02.07.2014 14:59

Градоначалникот Тони Трајковски донираше јоргани и перници за одделенијата на детската клиника, со вредност од околу 50 илјади денари...

Општина Гази Баба ја продолжува соработката со Клиниката за детски болести од Скопје. По досега неколкуте успешно реализирани проекти, денеска градоначалникот Тони Трајковски донираше јоргани и перници за одделенијата на детската клиника, со вредност од околу 50 илјади денари.

„Ова се средства кои општината ги собра од одредени културни активности и донации, а целта е да дадеме придонес за подобрување на условите во Детската клиника. Би сакал да упатам апел, сите институции што можат да направат вакви активности, бидејќи секоја донација на било која Клиника ќе биде од голем придонес за подобрување на условите. Воедно, ние сите заедно имаме обврска да работиме за подобри услови на нашите граѓани“, истакна Трајковски.

Директорката на Клиниката Аспазија Софијанова, изрази огромна благодарност до општината Гази Баба која традиционално ја покажува општествената одговорност.