еу

Нов инвестициски фонд на ЕУ од 1,2 милијарди евра за Западен Балкан

03.07.2024 09:06

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека со новиот пакет од 1,2 милијарди евра ќе се направи зајакнување на регионалните врски со квалитетна инфраструктура и зближување кон Унијата на земјите кандидати што е крајна цел на ЕУ...

Со новиот, шести економски и инвестициски фонд од 1,2 милијарди евра за Западен Балкан, ЕУ ќе финансира осум проекти за водоснабдување и канализација, третман на отпадни води, железнички сообраќај и зелена трансформација на малите и средни претпријатија.

Инвестицискиот проект што се реализира во соработка меѓу ЕУ, земјите од Западниот Балкан и меѓународните финансиски институции вклучува грантови од 300 милиони евра од инструментот за претпристапна помош – ИПА 3. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека со новиот пакет од 1,2 милијарди евра ќе се направи зајакнување на регионалните врски со квалитетна инфраструктура и зближување кон Унијата на земјите кандидати што е крајна цел на ЕУ.