МВР

Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведен дилер

03.07.2024 11:06

Денеска, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој...

Денеска, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој,  информираат од МВР.

Имено, во периодот од 07.30 до 08.30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш.

Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.