СДСМ

Филипче ја презеде функцијата, најави период на обединување и реформа

03.07.2024 13:35

Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски, информираат од партијата.

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок, рече Филипче.