Кривичниот законик со измените се уназадува
Имаме добри закони, но лоша имплементација. Во последните години имаме континуирано уназадување на механизмите за борба со криминалот и корупцијата, велат од Националната конвенција за Европска унија. Особено со донесените измени на Кривичниот законик, се ослободуваат од вина функционери за злоупотреба на функцијата и јавните набавки...

Измените на Кривичниот законик го назадија приближувањето на правосудството до европското. Под изговор дека се преземаат регулативи за еколошки криминал и за оружје, се провлекоа и застарувањето на кривичните дела за злоупотреба на службената функција и јавните набавки, оценуваат експерти. Останува само алатката за конфискација на нелегално стекнатиот имот што мора да се спроведува.
За да се подобри оценката на ЕУ за справување со организираниот криминал и корупција, новата влада треба да ја поправи штетата, оценуваат од Националната конвенција за Европската унија.
Експерт од Романија укажа дека и во оваа европска држава биле направени измените на Кривичниот законик, што ги ослободило од вина функционерите и довело до недоверба во судството. Советува да не се прават истите грешки и сите измени во правосудството да се носат транспарентно со јавни дебати.
Ирина Гелевска
