Земјоделство

Модернизација на земјоделството за спас на посевите од климатските промени

03.07.2024 14:48

Временските непогоди направија големи штети во повеќе градови во Македонија. Најпогодено беше во источниот дел од земјава, а силниот дожд, проследен со град, оштети и еден куп посеви. Не може да се игра со природата, велат експертите, но затоа може да се направи се за да се спречат поголеми штети во земјоделството…

Преку модернизација на земјоделството до спас од климатските промени кои сериозно влијаат врз посевите. Според експертите, едно од клучните влијанија на климатските промени е промената на температурата. Овие суви периоди може да имаат катастрофални ефекти врз приносот на земјоделските култури, да ја загрозат безбедноста на храната и да влијаат врз опстанокот во руралните средини.

Обилните врнежи што ја зафатија Македонија најмногу штети предизвикаа во источниот дел од земјава, каде најмногу се одгледуваат градинарски култури. Земјоделците се нервозни и се снаоѓаат како знаат и умеат, но се надеваат и на државна помош за справување со штетите од невремето.

Земјоделците се свесни дека елементарните непогоди не можат да се избегнат. Сепак, мал дел од нив се одлучуваат да го осигурат родот, оти тоа е дополнително оптоварување за нивниот џеб.

 

Борис Грујоски