Спектакуларно отворање на 16. Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ-2024“
Вечерва со спектакуларно шоу на камерниот оркестар со „Симфонија на ѕвездите“ ќе биде отворено 16. издание на Битолското културно лето „Бит фест 2024“. Настан од ваков размер за прв пат ќе се случува на градскиот стадион „Петар Милошевски“ со програма за сите возрасти и вкусови. Публиката ќе има можност да ужива во повеќе часовен музички концерт на ѕвезди од Македонија и странство. Специјален гостин кој ќе биде дел од оваа симфонија е германскиот пионер на електронска музика – Шилер, кој за првпат настапува, не само во Битола туку и во Македонија. Градоначалникот Коњановски вели, ова е најава за богатото културно лето кое не очекува …

Вечерва со голем музички спектакл наречен „Симфонија на ѕвездите“ во придружба на Камерниот оркестар ќе биде отворено 16. издание на Битолското културно лето. За прв пат на градскиот стадион „Петар Милошевски“, публиката ќе има можност да ужива во повеќечасовна музичка програма за сите генерации и вкусови. Овој незаборавен настан, ќе постави нови стандарди во културата и музичкиот живот во Битола, вели градоначалникот Коњановски.
Со околу 100 изведувачи на сцена, главната програма ќе започне во 21 часот со настап на музичките групи Паркети, Супер хикс, Брас брадрс, Пиг енд Дан, српската пејачка Констракта, нашата дива Каролина. Во полноќното шоу ќе настапи и грчко-нигериската пејачка Лав Итоја, а како специјален гостин за прв пат во Македонија, германскиот пионер на електронска музика Шилер.
Како вовед на вечерното музичко шоу-ќе учествуваат околу 200 дечиња кои ќе се натпреваруваат на првата детската олимпијада. Спектакуларното отворање на „Бит фест“ е најава за богатото културно лето кое не очекува.
Александра Максимовска
