Ќе се реконструира салата „Расадник“
Во салата „Расадник“ се калеле спортските легенди на „Вардар“. Сѐ уште се свежи сеќавањата на полните трибини од кои публиката имала можност да гледа врвна кошарка, одбојка, ракомет. Градоначалникот на Кисела Вода, заедно со министерот за спорт, најавија нејзина реконструкција...

Некогашниот симбол на спортскиот дух во општина Кисела Вода, салата „Расадник“ ќе биде целосно реконструирана. Со 1,5 милиони евра проектот ќе го финансира Министерството за спорт. Борко Ристовски ги евоцираше спомените од некогашното култно место за сите спортски вљубеници, преполните трибини и незаборавните натпревари во кошарка, ракомет и одбојка. Дом на легендарниот клуб „Вардар“, каде спортистите и навивачите живееја во спортски дух и заедништво.-
Оваа спортска сала има посебно место во срцата на граѓаните. Сведок е на многу славни спортски моменти. Симбол на спортскиот дух, заедништвото и успех и затоа, нашата цел е да и го вратиме загубениот сјај и таа повторно да биде место каде што ќе се испишуваат нови спортски истории, рече градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски.
Проектот содржи теретана, фитнес за спортистите, но и деловен простор којшто салата ќе може да го издава.
Александра Спировска
