ЈСП

Дел од приватните превозници ги паркираа своите автобуси, ќе возат редуцирано

03.07.2024 16:39

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени пари за услугата што ја даваат …

Приватните превозници ги паркираа своите автобуси, ќе возат редуцирано. Скопјани уште два дена ќе имаат приватен превоз.

Превозниците алармираат дека се наоѓаат во многу тешка финансиска состојба. Oд јануари годинава, имаат земено само дел од средствата. Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.

Скопјани се жалат од јавниот превоз, велат автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.

Не е прв пат скопјани да останат без градски превоз. И пред две поради неисплатени долгови приватните автобуси беа паркирани низ булеварите во главниот град.

 

 

Ана Јосифовска-Тодоровска