ЈСП

Приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред

03.07.2024 19:40

Jавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред...

Jавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д. директорот на ЈСП Скопје, раги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, информираа од ЈСП.

Двете страни денеска одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот. Во меѓувреме, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван.