Огромен пожар во Калифорнија, прогласена вонредна состојба
Шумскиот пожар во Северна Калифорнија кој продолжува да се шири, локалните власти прогласија вонредна состојба и наредија итна евакуација на најмалку 13.000 луѓе од погодената област...

Поради шумскиот пожар во Северна Калифорнија кој продолжува да се шири, локалните власти прогласија вонредна состојба и наредија итна евакуација на најмалку 13.000 луѓе од погодената област, додека се очекуваат уште денови со многу високи температури.
Голем пожар кој сè уште не е локализиран гори во близина на градот Оровил во округот Бут, на околу 70 километри северно од Сакраменто, на површина од 12,1 квадратни километри. Канцеларијата на гувернерот објави доцна во вторникот дека е одобрено федерално финансирање за да помогне во борбата против пожарите.
Гувернерот Гевин Њусом го активираше Државниот оперативен центар за да го координира одговорот на Калифорнија, да испрати заемна помош додека тие реагираат на заканата од шумски пожари и екстремна топлина. Причината за пожарот е под истрага.
