Временска прогноза
Променливо облачно и посвежо
04.07.2024 08:07
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, во западните и јужните делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.
