Министерот Љутков во работна посета на археолошкиот локалитет/неолитско село „Тумба Маџари“
На посетата ќе бидат присутни и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, како и членовите на стручната екипа под чие водство се одвиваа истражувањата...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на археолошки локалитет/ неолитско село „Тумба Маџари“ во општина Гази Баба. На овој значаен локалитет, при актуелните археолошки ископувања, археолозите пронајдоа вредни наоди кои ќе бидат претставени пред новинарските екипи, соопштуваат од Министерството.
На посетата ќе бидат присутни и градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, како и членовите на стручната екипа под чие водство се одвиваа истражувањата.
Како што најавија од Министерството, предвидени се изјави за медиумите.
