мвр

117 санкционирани возачи во Скопје

04.07.2024 08:17

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за користење на мобилен телефон при управување, десет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се шест санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.