Субвенции за органско производство
Органските производители годинава имаат на располагање средства во висина од 104 милиони денари. Поголемиот дел се наменети за финансиска поддршка за органското сточарско производство како и за одредени активности во производството и во тргувањето со органската храна …

Годинава органските производители на храна имаат право на 104 милиони денари поддршка.
Најголемиот дел се за органското сточарство и за заостанати обврски од претходните програми.
На фармерите им следуваат пари за органските производи, за нивна преработка, доработка и пакување најмногу до 150.000 денари по корисник.
Со 5 отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија, извозот на свежи и преработени производи и преодот од неорганско во органско производство.
За површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред се добиваат по 3.500 денари за хектар.
Трошоците за стручната контрола и сертификацијата се покриваат со 50, а со 80 проценти, но не повеќе од 12.000 денари следуваат за анализи на својствата на почвата.
Финансиската поддршка можат да ја добијат сите земјоделски стопанства кои имаат сертификат за органско производство.
Методија Трајков
