УКРАИНА

Засилени напади на фронтот во Украина, Зеленски бара оружје

04.07.2024 08:45

Претседателот Зеленски побара од Западот посовремени системи за воздушна одбрана и ракети со долг дострел...

Петмина загинати и над 50 повредени во вчерашниот руски ракетен напад на Днепар – потврдија украинските власти. Претседателот Зеленски побара од Западот посовремени системи за воздушна одбрана и ракети со долг дострел.

„Во Днепар беа оштетени куќи, болница и едно претпријатие. Имаше и ракетни напади врз други региони и воздушни бомби на Харков и на нашите позиции на првата линија. Сето тоа можеме да го запреме само со голем број системи за противвоздушна одбрана, само со удари од долг дострел на локациите каде што се сместени руските терористи, врз нивните воздушни бази“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Соединетите Американски Држави доделија за Украина значаен нов пакет оружје и опрема за поддршка на украинската армија, вреден 150 милиони долари, соопшти Стејт департментот.