Обединето кралство

Парламентарни избори во Велика Британија, гласаат 49 милиони луѓе

04.07.2024 08:58

Предизборните анкети укажуваат на пораз на конзервативците, кои се на власт 14 години, и триумф на британската Лабуристичка партија...

49 милиони луѓе од Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска гласаат за новиот парламентарен состав. Новата влада ќе мора да се справи со финансиската криза, миграцијата и инфлацијата предизвикани од војната во Украина. Предизборните анкети укажуваат на пораз на конзервативците, кои се на власт 14 години, и триумф на британската Лабуристичка партија.

Според проекциите, во Парламентот од 650 места, конзервативците би освоиле најнизок изборен резултат од основањето на партијата во 1834 година.